Top Sport

Тажна вест – почина Диего Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал во својот дом, во Тигре.

Марадона се опоравуваше од операцијата на мозокот.



На почетокот на месецов Марадона беше примен во болница поради губење на енергија, но потоа било востановено дека имал крварење во мозокот. На 12 ноември му беше опериран хематом во главата, по што бил испратен на домашно лекување.

Лекарите востановиле дека е во добра општа состојба, но се чини животот кој го водеше популарниот „Ел Пибе“ оставил последици.

Scroll to Top