Дел од навивачите на Манчестер јунајтед се сожалуваат на Дони ван де Бек, откако се појави продолжена снимка на холандскиот фудбалер кој пред победата над Тотенхем од 0:3 во текот на викендот, служеше како тренер на Кристијано Роналдо, Единсон Кавани и Бруно Фернандеш, додека тие вежбаа шутирање.
Во видеото, 24-годишниот Ван де Бек, кој во 2020 пристигна од Ајакс и беше најавен како големо засилување, заедно со Мајкл Керик им додава на своите соиграчи кои шутираат на голот.
Ван де Бек има играно само три меча оваа сезона, и шпекулациите велат дека го сменил својот агент за да обезбеди трансфер или позајмица во јануарскиот преоден рок.