Top Sport

Тажниот „пад“ на Ихатарен продолжува – фудбалерот на Јуве уапсен во Холандија

Иако до неодамна беше сметан за еден од најталентираните млади европски фудбалери, ситуацијата на фудблерот на Јувентус, Мохамед Ихатарен продолжува да се влошува, откако холандските медиуми објавија дека 20-годишниот Ихатарен е уапсен во Утрехт откако се заканувал на одредени луѓе.

Ихатарен помина низ академијата на ПСВ Ајндховен како огромен талент, но неговиот живот се смени по смртта на неговиот татко. Сепак, Јувентус го купија во август 2021 а 1.9 милиони евра, и веднаш го позајмија на Сампдорија. Таму тој одбиваше да се појави на тренинзи, по што Јуве го вратија во тимот и го пратија во Ајакс во јануари 2022. Ситуацијата ниту таму не се подобри и холандскиот тим предвреме ја прекрати позајмицата.

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер, како и семејството на поранешниот фудбалер на Ајакс, Апи Нури се обидоа да му помогнат на Итахарен, но тој продолжи со надолната спирала со краткиот брак со инфлуенсерката Јасми Дриуш и со повеќе инциденти, како кога го запали своето Порше во Утрехт.

Голема надеж на светскиот фудбал ја завршува кариерата уште на 19 години?

Scroll to Top