Top Sport

Пелистер едноставно немаше сили против Фуксе

Бундеслигашот Фуксе Берлин му го нанесе и вториот пораз на Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ, откако ниту домашната публика во „Боро Чурлевски“ во Битола не му помогна на македонскиот клуб, кој загуби со високи девет гола разлика со 34:43 (14:22).

dobivaj vesti na viber

Тимот на Ларс Валтер успеа да биде еднаков со германскиот ривал само на почетокот на мечот, по што со серија, Фуксе напрви преност од осум гола на полувреме. Оваа разлика стана и двоцифрена во второто полувреме, за убедлив триумф на Фуксе.

Жарко Пешевски беше најдобар за македонскиот клуб со осум гола, додека шест постигна Мирко Радовиќ, додека кај победниците, Милош Вујовиќ беше најрасположен со дури девет постигнати гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top