Top Sport

Тебас: Клупскиот Мундијал е тотален апсурд

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги повика челниците на ФИФА да го откажат Светското клупско првенство пред 18 месеци, верувајќи дека „светското фудбалско тело воспостави монопол врз календарот на натпревари со тоа што ги привилегира сопствените натпреварувања“.

Покрај Тебас, многумина се пожалија на густиот распоред, со оглед на тоа што Светското првенство според новиот систем, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, започнува 15 дена по завршувањето на Лигата на шампионите и ќе се одржи истовремено со Европското младинско првенство.

Тебас не се предомисли и неколку дена пред почетокот на Светското првенство, го нарече ова натпреварување „тотален апсурд“.

Овој пат тој ја нападна ФИФА, бранејќи двајца претставници од неговата лига, Реал и Атлетико, кои ја претставуваат Шпанија на турнирот со 32 клуба.

„Веќе има контроверзии околу тоа кога Реал и Атлетико ќе го започнат првенството, што го нарушува нашиот вообичаен распоред и е штетно и за нас на среден рок. И одлуката дали овие два клуба ќе го започнат првенството подоцна за да се одморат не е само моја, туку ќе ја донесеме навреме кога ќе видиме како стојат работите“, рече Тебас во интервју за радио „Кадена Копе“.

Според планот и програмата, Ла Лига во сезоната 2025/26 треба да започне на 17 август.

Потоа се пожали на нешто друго:

„Организаторите на турнирот во ниту еден момент не се консултираа со нас, не само за датумите, ништо не не прашаа… Она што го прават е многу штетно за шпанското првенство, ако големи клубови како Реал Мадрид и Атлетико не можат да играат на првиот ден од Ла Лига. Тоа е апсурдно“, заклучи првиот човек на Ла Лига.

Scroll to Top