УЕФА го објави својот технички извештај за Европското првенство во 2020, во кој дефинитираше како Италија предводена од селекторот Роберто Манчини стигнала до трофејот, посочувајќи на промените кои ги направи Манчини на полувремето да го надитри Герет Саутгејт и Англичаните.
„Аѕурите“ го освоија трофејот на „Вембли“ по пенал-серијата против Англија, но доминираа во второто полувреме, како што посочува УЕФА. Панелот на експерти, предводен од поранешни и сегашни тренери го анализираа турнирот, но во прв план беше финалето.
Англичаните поведоа рано и ја контролираа играта во првите 25 минути по изненадувачката тактика со тројца во одбрана.
„Англискиот систем на стартот беше успешен, со едно крило кое додаваше до другите. Сметавме дека Герет добро се подготвил и имал начин да направи проблеми за Италија. Во тој момент изгледаше дека Англија победува“, пишува Дејвид Мојс од Вест хем.
Меѓутоа, Аитор Каранка забележува дека на полувремето, Манчини ја сменил играта, додека Англичаните влегле подлабоко да го штитат водството.
„Кога победуваш, тогаш е лесно да се исплашиш дека ќе загубиш, посебно пред својата публика. Малку по малку, Италија најде начин да игра како што сака“, додава Каранка.
Вил Рутенштајнер објаснува дека во второто полувреме, Жоржињо веќе не беше под притисок од Рајс и Филипс и стана лидер на теренот. „Аѕурите“ ја презедоа контролата, и англискиот голман Џордан Пикфорд играше само на долги топки. По почетната доминација, нивниот посед на топката падна на 35 отсто, најмалку на турнирот. Англија се врати на старата игра со долги топки, додека Италија имаше двојно повеќе додавања од противниците.
„Жоржињо имаше 98 додавања, повеќе од вкупниот број на додавања на средниот ред на Англија“, додава Рутенштајнер.
? Over 1/3 of the goals scored were 1-touch finishes
? Only 5 matches won by the team conceding first
? Low, fast crosses delivered highest rewardsThe UEFA #EURO2020 technical report covers all the key trends and tactical developments ???https://t.co/dYqcPkrtgK
— European Qualifiers (@EURO2020) September 14, 2021