Коронавирусот ги стави во мирување сите спортски настани. Крајот на сезоните во сите спортови е под голем знак прашалник. Вчера, Литванците го прекинаа кошаркарскиот шампионат и титулата му ја доделија на Жалгирис. „Телеграф“ најавува дека сличен епилог ќе има и во најсилниот англиски фудбалски шампионат.
Според овој извор доколку челниците на Премиер лигата решат да го прекинат првенството тогаш титулата ќе му припадне на Ливерпул. „Црвените“ се недостижни за конкурентите имаат 25 поени повеќе од Манчестер сити.
„Телеграф“ повикувајќи се на неименуван извор во Ливерпул пишува дека нитуе еден од клубовите нема да оспори една ваква одлука, секако доколку таа биде донесена.
Сепак ако рабитет околу титулата се јасни нејасно е како Премиерлигата ќе ги одреди тимовите што ќе играат во Лигата на шампионите и Лига Европа. Кога станува збор за испаѓањето од лигата, според овој извор никој нема да испадне туку од наредната сезона на 20 екипи од оваа сезона ќе им се приклучат двете најдобри екипи од Чемпионшип дивизијата.