Top Sport

Тен Хаг без петмина против Челзи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг денеска изјави дека тимот ќе биде без помош од дури петмина фудбалери на утрешниот натпревар против Челзи.

„Добри сме во нападот и во средниот ред, но во последната линија ни недостасуваат опции“, изјави денеска Холанѓанецот на прес-конференцијата.

Ентони Марсијал, Лук Шо и Тајрел Маласија од претходно не конкурираат за место во тимот, а Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф ќе бидат надвор од терените во следните неколку недели поради повреди.

Холандскиот стручњак објави две добри вести, Рафаел Варан и Џони Еванс се опоравија од повредите и ќе бидат во конкуренција за утрешниот натпревар од 30. коло на Премиер лигата, во кој „црвените ѓаволи“ ќе му гостуваат на Челзи.

Scroll to Top