Top Sport

Словенците го продаваат креветот во кој спиел Кристијано Роналдо

Хотелот во Љубљана во кој престојуваше Кристијано Роналдо при неодамнешната посета на португалската репрезентација одлучи да го продаде креветот на кој спиеше суперѕвездата.

Од одделението за односи со јавноста на хотелот потврдија дека креветот е ставен на аукција и дека почетната цена е 5.000 евра. Приходите од продажбата ќе бидат искористени за добротворни цели.

„Бидејќи ова беше прилично посебен и уникатен настан, решивме да го подготвиме истото изненадување во кое ќе можат да учествуваат сите фанови. Не знаеме кога и дали ќе имаме можност повторно да го угостиме Роналдо во Љубљана“, велат од хотелот.

Scroll to Top