Top Sport

Тен Хаг: До пеналот игравме перфектно

Вчера Манчестер сити го декласира градскиот ривал Јунајтед на „Олд Трафорд“, со 3:0 во 10. коло од Премиер лигата.

Конечниот резултат е повеќе од добар за Јунајтед со оглед на бројот на шанси што ги создадоа шампионите на Европа и Англија.

И покрај натпреварот во кој неговиот тим беше целосно инфериорен, менаџерот на Манчестер јунајтед Ерик Тен Хаг е незадоволен само од крајниот исход.

„Овој пораз не боли бидејќи одигравме перфектно во првото полувреме. Пеналот го смени текот на натпреварот. Создадовме добри шанси, немавме среќа да постигнеме гол, но направивме грешки кои не ‘убија”. Така беше и минатата сезона”. рече Тен Хаг.

Scroll to Top