Top Sport

Тен Хаг е „среќен“ што Мегваер ги одби Вест хем: Потребен ни е во тимот

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг инсистира дека е среќен што Хери Мегваер одби трансфер од 30 милиони фунти во Вест хем велејќи дека му е потребен за посилен тим.

Иако „ѓаволите“ ја прифатија понудата од 30 милиони фунти за 30-годишниот дефанзивец, тој не се договори за личните услови со клубот од Лондон, бидејќи требаше да ја намали сегашната плата од 190.000 фунти неделно. Ова значи дека Мегваер ќе остане на „Олд Трафорд“ и ќе се бори за место во тимот со Рафаел Варан, Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.

„Хери е наш играч и среќен сум што е тука. Потребен ни е силен тим и имаме четири добри централни бекови. Ако има потреба тука е и Лук Шо, а потребен ни е силен тим бидејќи не чекаат 50-60 меча оваа сезона. Хери ќе се бори за својата позиција, како и сите други во тимот. Тој знае што очекувам од него и ги има квалитетите да го покаже тоа“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top