Top Sport

Наполи го стартува шампионатот во Серија А без Квича Кварацкелија

Еден од хероите на Наполи во изминатата првенствена сезона, Квица Кварацкелија, ќе го пропушти стартот на шампионатот во Серија А. Од клубот соопштија дека грузискиот интернационалец нема да патува на гостувањето кај Фросиноне в сабота.

На почетокот на месецот Грузиецот заработи повреда на ногата, но таа не беше од посериозна повреда. Сепак, тој сѐ уште не тренира со полн ритам.

Минатата сезона крилниот напаѓач постигна 14 гола и забележа 17 асистенции на вкупно 43 натпревари за Наполи.

Scroll to Top