Top Sport

Тен Хаг го сака Кристијан Ериксен на „Олд Трафорд“

Данецот Кристијан Ериксен би можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, тврдат медиумите на Островот. 30-годишниот играч од средниот ред играше одлично за Брентфорд во вториот дел од сезоната и го привлече интересот на големите европски клубови кои сакаат да го доведат како слободен агент.

Пред да се врати во професионалниот фудбал, Ериксен тренираше со Ајакс, каде ја започна својата кариера. Ерик тен Хаг лично му дозволи на Данецот да се подготвува со тимот и беше импресиониран од неговиот професионализам и желбата повторно да игра на највисоко ниво. Сега веќе во улога на менаџер на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг планира да го привлече Ериксен на местото на Пол Погба кој го напушта „Олд Трафорд“.

Ериксен сѐ уште не одлучил за својата иднина. Неговиот договор со Брентфорд вклучува опција за продолжување на соработката за уште една сезона и „пчелите“ се надеваат дека Данецот ќе остане.

Со тимот на Брентфорд, Ериксен одигра 11 натпревари во Премиерлигата на кои постигна еден гол и забележа три асистенции.

Scroll to Top