Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е еден од тимовите кои покажале сериозен инерес за францускиот напаѓач од Борусија Менхенгладбах Маркус Тирам, пишува „Билд“.
По заминувањето на Кристијано Роналдо, во напаѓачката линија на Јунајтед остана празно едно место. Менаџерот Ерик тен Хаг, најави дека клубот ќе мора да ангажира нов играч.
Французинот, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч и не планира да го продолжи договорот со Борусија Менхенгладбах.
Јунајтед има намера да ја претрка конкуренцијата, пред сите Баерн Минхен и според „Билд“, ќе понуди 10.000.000 евра за Тирам.
Завидна е статистиката на Тирам сезонава – 13 гола и четири асистенции, што го прави еден од најпродуктивните фудбалери во Бундеслигата. Всушност, тој е веднаш до Кристофер Нкунку од Лајпциг.
Синот на славниот Лилијан Тирам настапи во пет наврати на овогодинешното Светско првенство, забележа две асистенции.