Top Sport

Тен Хаг и Манчестер јунајтед се во панична потрага по крилен напаѓач

Со Манчестер јунајтед последните неколку години никогаш не е здодевно. Откако , изминатите две години потрошија 180.000.000 за двајца играчи кои настапуваат на крилните позиции во нападот, сега таа позиции стана дефицитарна во тимот, па во клубот паничо бараат замена.

Џејдон Санчо, пред две години беше платен 85.000.000 евра, но неговата кариера на „Олд Трафорд“ не се развива онака како што се предвидуваше. Санчо не е во добри односи со тренерот, поради што се шпекулира дека во јануари ќе се врати во Дортмунд.

Минатото лето, во Јунајтед за 95.000.000 евра дојде Антони. Не покажа многу но неговата кариера може да згасне поради обвинувањата од поранешната девојка за физичко насилство.

Кога тука ќе се стави и случајот на Мејсон Гринвуд, кој поради обвинение за физичко насилство и силување отсуствуваше 18 месеци, јасно е дека Јунајтед има проблем на крилните позиции.

Преодниот рој заврши, но играчи кои се без клуб можат да потпишат во било кој момент. Еден од нив е Анвар Ел Гази. Овој фудбалер неодамна доби отказ и го раскина договорот со ПСВ Ајндховен.

Ел Гази има 28 години и може да биде солидно решение за „црвените ѓаволи“. Има искуство и со играње во Премиер лигата. По Ајакс и две години во француски Лил, три и пол години го носеше дресот на Астон Вила, а половина сезона ја мина на позајмица во Евертон.

Scroll to Top