Top Sport

Тен Хаг има резервни опции во случај да не го доведе Кејн

Приоритет на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок ќе биде да го засили нападот со класичен шпиц. Прв пик на клубот од „Олд Трафорд“ е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

„Сан“, објави дека клупските челници веќе одобриле 90 милиони евра за првата понуда до Тотенхем, иако веројатно станува збор за сума која е под онаа што ќе ја побара првиот човек на лондонскиот клуб Даниел Леви.

Доколку не успеат да го ангажираат Кејн, Јунајтед наводно има две алтернативи, и двете значително помлади од 29. годишниот англиски репрезентативец.

Првиот е Рандал Коло Муани (24) од Ајнтрахт Франкфурт.

Тој оваа сезона за клубот од Франкфурт постигна 16 гола со 14 асистенции и се претпоставува дека неговиот трансфер нема да биде помал од 65 милиони евра.

Вториот е Расмус Хојлунд од Аталанта, кој има само 20 години.

Неговата цена е 35 милиони евра, но нема дилема дека ќе се зголемува со секој нов гол.

Сезонава на клупски план постигна 14 гола, додека неодамна за данската репрезентација, на два натпревари постигна пет гола.

Scroll to Top