Top Sport

Тен Хаг ќе прави голема чистка во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, по синоќешниот дебакл на „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја, решил да направи чистка во соблекувалната. Англиските медиуми тврдат дека 11 играчи од наредната сезона нема да бидат дел од овој клуб.

„Мирор“, пишува дека Јунајтед нема да ги откупи договорите на Вегхорст и Сабицер и тие ќе се вратат во Бешикташ, односно Баерн Минхен. Во клубот ќе нема место за Баи и Алекс Телес кои се на позајмици во Марсеј и Севилја.

Од оние кои се во клубот Тен Хаг следната сезона не сака да ги има на располагање: Мегваер, Марсијал, Фред, Мек Томинеј, Ван Де Бек, Брендон Вилијамс и Еланга, како и играчи кои се на позајмица, Баи и Алекс Телес.

Се шпекулира дека вишок ќе биде и голманот Де Хеа, меѓутоа неколку медиуми утрово објавија дека голманот се согласил за помала плата да го продолжи договорот.

Scroll to Top