Менаџерот на Манчестер унјтед, Ерик Тен Хаг го предупреди Кристијано Роналдо за неговата физичка подготвеност откако ја пропушти пред-сезоната со „ѓаволите“, но на крајот не успеа да издејствува трансфер.
Холанѓанецот зборуваше за тоа како треба да го менаџира 37-годишниот Португалец, кој во последните три мечеви на Јунајтед стартуваше од клупата.
„Јас ќе бидам негов пријател, а понекогаш и негов учител. Зависи од ситуацијат. Како што сите знаеме, тој немаше пред-сезона со нас, што е проблем. Тоа е основа на играта, посебно во начинот на кој играме. Играме поинаку од минатата година, со игра која зависи од побарувањата, соработката и одредено позиционирање на играчите, а друга тема е фитнес-подготовката“, вели Тен Хаг.
Се очекува Роналдо да биде во стартниот тим при денешното дерби со Арсенал на „Олд Трафорд“ покрај новото засилување, Антони.