Top Sport

Ган го „здроби“ Туиваса во првото УФЦ шоу во Франција

Сирил Ган ја воодушеви домашната публика, нокаутирајќи го Таи Туиваса во меч во тешка категорија на УФЦ Фајт најт во Париз, за совршено прво шоу во Франција по легализирањето на ММА борбите во оваа земја пред две години.

32-годишниот Ган прво „преживеа“ неколку силни удари од 29-годишниот австралиски фајтер, за потоа во третата рунда со серија удари да ја обезбеди победата и можен дуел со Френсис Нгану.

„Го сакам тој појас во моментов, ништо друго. Таи удираше многу силно, но јас сум воин. Морав да се вратам за да покажам што умеам“, изјави Ган по мечот.

Scroll to Top