Top Sport

Лендо Норис ќе вози во Бразил и покрај труењето со храна

Возачот на Мекларен, Лендо Норис ќе вози на Бразилското ГП во Сао Пауло и покрај тоа што има труење со храна оваа недела, потврдија од англискиот тим. Норис ги пропушти прес-конференциите во четвртокот откако се разболе во Бразил, но Мекларен велат дека нема да има проблеми со неговиот настап.

Петокот на Интерлагос ќе биде многу важен за Норис, бидејќи во сабота ќе се вози спринт-трката во Бразил, така што денеска на програмата се квалификациите.

Резервниот возач на Мерцедес, Ник де Врис, кој следната година ќе вози за Алфа Таури, е подготвен да го замени Норис доколку биде потребно.

Scroll to Top