Top Sport

Тен Хаг не сакал да го види Рангник

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг имал клучна улога во одлуката на Манчестер јунајтед предвреме да ја скратат соработката со Ралф Рангник, и покрај договорот кој го имаа за негова консултантска улога во клубот, објавува „ЕСПН“.

Рангник стана привремен менаџер на Јунајтед по отказот кој го доби Оле Гунар Солскјер, потпишувајќи двегодишен консултантски договор, но една недела по крајот на сезоната, клубот потврди дека тој нема да продолжи со клубот и ќе ја преземе новата улога на селектор на Австрија.

Според „ЕСПН“, Рангник очекувал барем да се сретне со Тен Хаг и детално да му го објасни своето мислење и своите идеи за тимот, но Холанѓанецот се согласил само на краток телефонски разговор со него. Во клубот исто така биле разочарани од коментарите на Рангник дека се потребни 10 засилувања ова лето.

Scroll to Top