Манчестер јунајтед влезе во негативна серија. „Црвените ѓаволи“, прво загубија од Брајтон, а потоа и од Вест Хем.
На последниот првенствен натпревар виновен за голот беше голманот Давид де Хеа. Во пресрет на натпреварот со Вулверхемптон (сабота, 16 часот), за Де Хеа зборуваше тренерот Ерик тен Хаг.
„Тој беше добар, не можеме да го игнорираме тоа. Но, индивидуалните грешки се дел од фудбалот. Тие се случуваат. Нема да го избркам од тимот, тој дефинитивно ќе брани. Не мислам дека преговорите за нов договор се причината поради која греши. Давид е многу искусен“, рече тој.е Тен Хаг.
Манчестер јунајтед се четврти во поредокот со 63 бода. „Црвените ѓаволи“ имаат бод повеќе и натпревар помалку од Ливерпул, а од третопласираниот Њукасл имаат два бода помалку.