Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг открива дека го користел капитенот Хери Мегваер како напаѓач на мечот со Реал Сосиедад, бидејќи биле потребни „повеќе тела“ во нападот.
„Ѓаволите“ имаа 0:1 водство на гости, но им беше потребна победа со два гола за да го преземат водстовото од Сосиедад во групата Е во Лига Европа. Зачудувачки, во 82. минута, холандскиот стручњак го извади од игра стрелецот на голот Алехандро Гарначо и го замени со Мегваер, користејќи го во нападот. Но, и покрај својата височина и големани, Мегваер не направи доволно проблеми во шестнаесетникот на Сосиедад, а зачудувачки во финишот на мечот од корнер, наместо да го бараат Мегваер, решија да го „скратат“ корнерот.
„Го внесов во игра за да имаме повеќе напаѓачи напред. Во тој момент бевме премногу хаотични, веќе не бевме добри на топка и внесувавме помалку топки во шестнесетникот. Во последните 10 минути, повторно креиравме добри шанси. Тоа беше идејата. Моравме да ризикуваме и затоа го направив тој потег. Во исто време го зачувавме голот“, објаснува Тен Хаг за официјалниот веб-сајт.
На крајот, Јунајтед се задоволија со 1:0 пораз и со второто место во групата и сега ќе играат со еден од осумте клуба кои испаднаа од Лигата на шампионите, како Барселона и Јувентус…