Top Sport

Тен Хаг одбил 13 милиони евра од Њукасл

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, ја одбил понудата да го преземе Њукасл јунајтед. Новите газди, на Тен Хаг му понудиле годишна плата од 13 милиони евра, тврди „Дејли мејл“. 51-годишникот е уште еден тренер кој го одбил Њукасл. Претходно тоа го направија Стивен Џерард, Рафа Бенитез, Брендан Роџерс и Зинедин Зидан.

Тен Хаг, нема намера да го напушти Ајакс. Желбата му е да изгради тим, кој ќе може да игра во завршницата во Лигата на шампионите. Тен Хаг го води Ајакс од 2017 година.

Платата која му ја понудиле од Њукасл е една од најголемите во Премиер лигата. Повеќе од 13 милиони евра годишно, заработуваат само Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

Scroll to Top