Манчестер јунајтед, во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од услугите на четворица фудбалери. Клубот ќе се обиде да ги продаде за да обезбеди пари за нови играчи.
На црната лиса на Ерик тен Хаг се Џејдон Санчо, Касемиро, Рафаел Варан и Антони Марсијал.
Антони Марсијал е најдолго од сите во клубот. Тој пристигна во 2015 година како големо засилување на „Олд Трафорд“, но никогаш не го оправда тој епитет. За него клубот нема да добие ништо или ќе успее да извлече некоја симболична сума бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Преостанатата тројка се неодамнешни неуспешни инвестиции. Огромни суми се вложени во нивните трансфери, добија високи плати, но добербата не ја оправдаа.
За Варн според шпекулациите се борат Баерн и Реал, Касемиро веројатно ќе заврши во Саудиска Арабија, а Санчо би можел да се врати во Дортмунд, но како позајмен играч.