Top Sport

Тен Хаг прави „чистка“, дури 13 фудбалери заминуваат од Манчестер Јунајтед

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ова лето планира да продаде дури 13 фудбалери. Менаџерот Ерик Тен Хаг сака да го намали бројот на фудбалери под договор, а клубот се надева дека ќе може да инкасира околу 120 милиони евра од трансфери, кои потоа ќе ги инвестира во нови засилувања.

Парите не се проблем за „ѓаволите“, меѓутоа мораат да го задоволат финансискиот фер-плеј, па во таа смисла мора да остварат некаков профит од продажбата.

Кој може да си оди од Манчестер Јунајтед во случај на соодветна понуда?

Санчо, Марсијал, Мегваер, Мектоминај не се на излезна врата, поточно можат да останат и да се борат за место во тимот, но не е исклучена и продажба, клубот е подготвен да прифати добра понуда за нив. Така, Санчо би можел да замине за околу 50 милиони фунти, Мегваер за околу 40, што е многу помалку од вложеното во нив. Цената е иста и за Мектоминај, 40 милиони.

Има фудбалери од кои Манчестер Јунајтед ќе се обиде да се ослободи на секој начин.

Пред се Дони ван де Бек, потоа Еланга, Мејмбри, Алекс Телјес и Баи, Брендон Вилијамс и од играчот со поголема минутажа Фред. Повеќето од овие фудбалери беа на позајмица, иако сегашните клубови реално не покажаа интерес за нивно купување. Треба да се види дали некој сака да инвестира 20 милиони фунти во Фред, како и во Ван де Бек, бидејќи нивната цена драстично падна.

Фил Џонс и Туанзебе си заминуваат од клубот како слободни играчи, а на Де Хеа исто така му истекува договорот. Јунајтед сака тој да остане, но со двојно помала плата од сегашната, а преговорите не одат во добра насока.

Договорен е еден трансфер, Зидан Икбал ќе биде продаден во Утрехт, сумата е околу еден милион евра плус бонуси, но тоа е капка во морето за она што им е потребно на „црвените ѓаволи“.

Scroll to Top