Top Sport

Гризман ги одби милионите од саудискиот Ал-Наср

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, нема намера да го напушти клубот и покрај тоа што доби примамлива понуда од саудискиот Ал-Наср. 32-годишниот напаѓач е среќен во својот сегашен клуб и цврсто одлучи да ја продолжи кариерата во шпанскиот гигант.

Агентите на Французинот имаа средба со претставници на Ал-Наср изминатиов викенд. Сепак, тоа не доведе до ништо значајно, бидејќи од таборот на Гризман истакнале дека сака да остане во Атлетико Мадрид.

По враќањето од Барселона, напаѓачот успеа да ја врати почитта кај навивачите на „јорганџиите“.

Минатата сезона ја заврши со 15 гола и 16 асистенции во Ла Лига.

Scroll to Top