Холандскиот тренер на Ајакс, Ерик Тен Хаг во последно време е често споменувано име во англиските медиуми поради можноста да го замени Оле Гунар Солскјер во Манчестер јунајтед, или да биде долгорочно решение на новиот супер-богат тим на Њукасл, меѓутоа тој вели дека е задоволен од тоа каде работи.
Тен Хаг од доаѓањето на главната позиција во Ајакс во 2019 освои две титули од Ередивизие со „копјаниците“, трансформирајќи го тимот во еден од најсериозните клубови во Лигата на шампионите.
„Јас живеам во сегашноста, така што ми е тешко да кажам каде ќе бидам во иднината. Сакам да го подобрам мојот тим и додека ја имам таа мотивација, сакам да продолжам, секако ако и Ајакс го сакаат тоа. Повисока плата во Премиерлигата? Среќен сум во Ајакс, бидејќи можам да работам на мој начин. Условите и климата се одлични, менаџментот е способен и фин со мене и да не заборавиме, имам одлична група на фудбалери кои се многу флексибилни“, вели Тен Хаг, кој има договор со Ајакс до 2023 година.