Top Sport

Тен Хаг верува дека Роналдо ќе остане

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, по синоќешната победа над Ливерпул изјави дека Кристијано Роналдо „се уште има иднина“ во тимот. „Мислам дека може да се прилагоди на мојот систем на игра“, ги пренесува ЕСПН зборовите на Холанѓанецот.

Тен Хаг додаде дека годините на Роналдо „не се проблем, ако играчот е доволно добар“.

По поразот од Бранфорд (0:4), тренерот на Манчестер направи четири измени за дуелот со Ливерпул. На клупата останаа капитенот Хари Мегваер, Лук Шо, Кристијано Роналдо и Фред.

„Имаме тим и начин на игра. Треба да бидеме тим бидејќи имаме многу натпревари пред нас. Мораме да се држиме заедно како тим. Уверен сум дека така ќе биде“, рече тој.

За натпреварот против Саутемптон, Тен Хаг ќе го има и Бразилецот Касемиро, кој во Јунајтед пристигна од Реал Мадрид, а беше претставен синоќа на „Олд Трафорд“, пред почетокот на мечот со Ливерпул.

Scroll to Top