Top Sport

Болт сака да има свое лого

Поранешниот олимписки и светски шампион Јусеин Болт се пријавил во агенција која ќе ја заштити неговата позната поза со која ги прославуваше победите. Логото, во форма на силуета на спринтерска легенда со свртени раце нагоре, е регистрирано во САД на 17. август.

Објавата на социјалните мрежи на адвокатот Џош Гербен ги наведе параметрите на апликацијата, сугерирајќи дека Болт планира да го користи логото на голем број производи, вклучувајќи очила за сонце, накит, чанти, облека, спортска опрема и во барови и ресторани.
Болт, кој сега има 36 години, освои осум олимписки титули и 11 златни медали на Светските првенства.

Неговите времиња од 9,57 на 100 метри и 19,19 на 200 метри поставени на Светското првенство во Берлин во 2009 година остануваат неприкосновени.

Scroll to Top