Top Sport

Далас го декласираа Финикс, Селтикс ги детронизираа Милвоки

Далас Маверикс и Бостон Селтикс изборија пласман во конференциските финалиња. Двата тима во мајсторките ги декласираа своите противници Финикс Санс, односно Милвоки Бакс.

Далас во седмиот меч направија брејк во Финикс, убедливо го поразија најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната (64 победи и 18 порази) со 123:90. Од друга страна, Бостон со шутот за три поени го декласираа Милвоки со 109:81.

Лука Дончиќ постигна 35 поени и 10 скока, меѓутоа икс фактор беше Спенсер Динвиди кој го одигра најдобриот меч во серија, постигна 30 поени. Одличен беше и Џејлен Брансон со 24 поени.

На спротивната страна потфрлија најдобрите играчи на Финикс, Девин Букер и Крис Пол. Букер погоди само три од 14.обиди од поле.

Далас прв пат по 2011 година изборија пласман во финалето на Западот. Таа година предводени од Дирк Новицки ја освоија единствената титула.

Бостон во својот „Ти-Ди гарден“, го детронизираа Милвоки Бакс. Селтикс погодија 22 тројки од 54 обиди. На спротивната страна Бакс погодија само четири тројки. Предводник на Селтикс беше Грент Вилијамс со 27 поени. Џејсон Тејтум уфрли 23 поени.

На спортивната страна Јанис Адетокумбо забележа 25 поени, 20 скока и девет асистенции.

Селтикс во финалето на Истокот ќе играат против Мајами Хит, додека Далас за место во големото финале ќе се борат со Голден стејт Вориорс.

Scroll to Top