Тео Ернандез очигледно е еден од ретките луѓе кои никогаш не ја губат довербата во Милан. Францускиот фудбалер на „росонерите“, кој при доаѓањето на „Сан Сиро“ изјави дека пристигнал да ја освои титулата од ЛШ со клубот, сега вели дека Милан може да стигне до четвртото место оваа сезона по кошмарниот старт на сезоната.
Милан го отпушти Марко Џампаоло по четири порази во првите седум натпревари и го донесе поранешниот шеф на Интер, Лацио и Фиорентина, Стефано Пиоли, кој викендов ќе дебитира против Лече.
„Подобро е за секој тренер да ја почне сезоната отколку да пристигне подоцна, но такви работи се случуваат. Мислам дека имаме добар тренер и сигурен сум дека можеме да одиме напред. Не го познавав претходно, но знам дека сака да игра добар фудбал и дека има добри идеи. Прво мораме да ги ’разбудиме’ навивачите и да ја добиеме нивната доверба. Јас работам исто секој ден и сакам да напишам историја со Милан. Верувам дека ќе завршиме во топ 4, бидејќи имме силен тим. Треба да покажеме срце и душа“, вели бекот.