Top Sport

Тео Ернандез ќе го напушти Милан

Тео Ернандез ќе го напушти Милан во летниот преоден рок.

Според добро информираниот новинар Матео Морето, Тео Ернандез не го продолжил договорот со Милан и како што стојат работите тоа нема да се случи.

Истиот извор тврди дека негов следен клуб ќе биде Баерн Минхен. Ернандез е во Милан од летото 2019 година кога дојде од Реал Мадрид.

Неговата моментална пазарна цена е 60 милиони евра. Тоа е минимумот што Баварците ќе треба да го платат за услугите на францускиот репрезентативец.

Scroll to Top