Top Sport

Враќање на ветераните – Рики Хетон во ринг со Марко Антонио Барера

Поранешната боксерска британска легенда Рики Хетон е пред камбек во рингот против уште еден легендарен боксер, Мексиканецот Марко Антонио Барера во меч кој би бил враќање во рингот за двајцата, тврди „Сан“.

43-годишниот Хетон последен пат беше во рингот во 2012 година, кога направи камбек откако првично се пензионираше во 2009 кога беше нокаутиран од Мани Пакјао. Барера, пак, се пензионираше во 2011 година со последен пораз од Амир Кан.

Според „Сан“, Хетон веќе неколку месеци е вратен во тренажен процес покрај неговиот син, талентираниот боксер Кемпбел Хетон. Хетон беше миленик на британската публика со легендарни победи над Костја Ѕју, Хозе Луис Кастилјо и Хуан Уранго, додека Барера во кариерата боксуваше со имиња како Пакјао, Хуан Мануел Маркез и Ерик Моралес, победувајќи во 67 од своите 75 професионални мечеви.

Scroll to Top