Top Sport

Тео Ернандез помина со суспензија, Лаутаро само со парична казна

Дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез не само што доби суспензија од еден меч по црвениот картон во „Дерби дела Мадонина“, туку и дополнителна парична назна од 5.000 евра поради „провокативно однесување кон фановите“.

Французинот доби црвен картон во финишот на дербито поради опасен фаул над Дензел Дамфрис, по што влезе во конфликт со дел од играчите на Интер на патот кон соблекувалните. Лаутаро Мартинез, пак, и покрај видеото кое го покажува како плука кон Ернандез по инцидентот, остана без суспензија и ќе плати 10.000 евра за „неспортското однесување“.

Сепак, суспензија ќе добијат и од Интер – Алесандро Бастони и тренерот Симоне Инзаги. Бастони ќе добие суспензија поради „постојаните навреди кон помошникот судија“, исто како и тренерот, кој ќе мора да плати 15.000 евра.

Селски потег – Лаутаро го плукнал Тео по дербито на Милано

Scroll to Top