Top Sport

Тепачка помеѓу хулигани во Сплит

Тепачка помеѓу хулигани од Хрватска и Унгарија го најавија денешниот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на двете земји во Сплит.

Наводно Унгарците се враќале од плажа кон својот хотел, кога дошло до тепачка со домашни хулигани.

Во тепачката повредено било еден лице, а други шест се приведени.

„Повреден е унгарски навивач. Се уште не е познат интензитетот на повредите. Упасени се пет хрватски и еден унгарски државјанин“, соопштила портпаролката на полицијата во Сплит.

Во текот на вчерашниот ден во Сплит било нападнато комбе со унгарски регистрации. Напаѓачите биле уапсени.

Натпреварот се игра вечерва од 20.45 часот.

Scroll to Top