Додека трае паузата во Ла Лига, челниците на Барселона се обидуваат да го убедат голманот Марк-Андре тер Штеген да потпише нов договор. Според шпанските медиуми првата рунда од преговорите заврила неуспешно, голманот не ги прифатил условите што му ги нуди клубот.
Тер Штеген за сума од 12 милиони евра во 2014 година од Менхенгладбах се пресели во Барселона. На „Ноу Камп“ стана еден од најдобрите светски голмани, а со клубот ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.
Актуелниот договор со Барселона му истекува за две години, а доколку клубот сака да го задржи ќе мора да му понуди поголема плата. Според актуелниот договор Тер Штеген има годишна плата од пет милиони евра, за продолжување на договорот Барселона му нуди годишна плата од 6,5 милиони евра.
Тер Штеген бара плата од 10 милиони евра годишно, смета дека заслужува според плата да биде блиску до Антоан Гризман и Луис Суарез.