По долго време, капитенот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген даде големо интервју во кое откри дека не се согласувал со Лионел Меси и дека бил на чекор до трансфер во Манчестер сити. .
Медиумите со години шпекулираа и пишуваа за тоа дека Меси не го смета Тер Штеген за адекватен голман и уште помалку за вистински член на на Барселона.
Германецот сега отворено проговори за односот со Меси, од кој сосема е јасно дека не биле добриво добри односи. Многумина подоцна рекоа дека Тер Штеген, заедно со Жерар Пике, е една од причините поради која Меси им се спротивставувал на клупските челници и дека се би било поинаку доколку Германецот во 2017 година го напуштел клубот.
„Меси е веројатно единствениот играч кој, ако сака, може да те погоди директно со топката во лице и навистина може. Повеќето други играчи на тренинзите не го прават тоа. Но, тој можеше да го направи тоа повеќе од еднаш, особено кога беше лут… шутираше директно во моето лице. Едноставно е таковј”, рече Тер Штеген.
„Меси наоѓаѓе мотивација во многу работи, ние тоа не го можевме. Имаше ситуации кога не се согласувавме, понекогаш тоа беше поради мене, понекогаш поради него. Но, јас секогаш го почитував и тој го почитуваше моето мислење. Можеш многу да научиш од него, привилегија е да се игра со него во тимот. Едноставно, тој е најдобар во историјата“, рече Тер Штеген.
Интересно, Германецот призна и дека бил блиску до трансфер во Манчестер сити. Сето тоа се случи во летото 2017 година, откако Луис Енрике го форсирал Клаудио Браво во лигашките натпревари, додека Тер Штеген бранеше во Купот.
„Во летото 2017 година, бев многу блиску да одам во Манчестер сити. Беше многу лудо. Дојдов на аеродромот да земам некого и таму го видов Пеп Гвардиола. Не знаев дека е дојден по мене, а потоа вечерта се сретнавме во станот на еден пријател. Не бев на продажба. Разговарав со Енрике, но тој ми рече дека нема шанса да ме продадат. Тогаш му кажав дека сам ќе барам разговор со клупските челници. Сега кога ќе погледнам зад себе, среќен сум што останав, бидејќи тоа секогаш ми беше целта“, откри Тер Штеген.