Top Sport

Официјално: Солскјер е новиот тренер на Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер ќе биде тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, потврдија од великанот од „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ вчера останаа без тренер, кола клупските челници му го врачија отказот на Жозе Мурињо. Португалецот две и пол години се задржа на тренерската позиција.

Солскејр, прифатил да го предводи тимот до крајот на сезоната, а во таа работа ќе му помагаат Мајк Фелан, Мајкл Карик и Киран Мекена.

45-годишниот Солскјер е поранешен играч на Манчестер Јунајтед. Познат под прекарот „убиец со детско лице“, Норвежанецот во периодот од 1996 до 2007 година беше „џокерот“ на сер Алкекс Фергусон.

Има одиграно 366 натпревари за „црвените ѓаволи“, постигнал 126 гола, најголем дел од нив влегувајќи од клупата за резерви.

Засекогаш неговото име е запишано во историјата на Манчестер Јунајтед, поради голот со кој на тимот му ја донесе победата во спектакуларното финале, во Лигата на шампионите, против Баерн Минхен во 1999 година.

Солскјер од 2008 до 2011 година го предводеле резервниот тим на Манчестер Јунајтед, а во кариерата бил тренер на младиот тим на Клаусененген, Кардиф и Молде.

„Манчестер Јунајтед засекогаш ќе биде во моето срце. Сјајно е што се враќам во клубот и добивам ваква улога. Се радувам што ќе имам можност да работам со толку талентирани фудбалери“, изјавил за клупскиот сајт, новиот менаџер на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на шестото место на табелата со 26 бода, а во наредното коло за противник ќе го имаат екс тимот на Солскјер, Кардиф. Натпреварот ќе се одигра на 22.декември од 18:30 часот, во Кардиф.

Scroll to Top