Фудбалската икона на Челси, Џон Тери, раскажал анегдота од периодот кога Жозе Мурињо го заврши својот прв мандат на „Стенфорд Бриџ“. Открил дека сите плачеле кога Португалецот добил отказ.
Џон Тери 22 години мина во Челси, имал можност да соработува со многу тренери, а најголемо влијание во неговата кариера како што самиот открива имал Мурињо.
Открива дека ги молел челниците на клубот да ја сменат одлуката да го отпуштат Португалецот во 2007 година.
„Сите плачевме. Тоа беше еден од оние моменти кога сите околу тебе шепотат. Тој ми кажа: ‘Добив отказ’. Одеше околу, ги прегрна сите, возрасни луѓе плачеа“, открил Тери за „Скај Спортс“.
„Разговаравме и со челниците. Им кажавме: ‘Слушајте, сакаме да остане, може ли да се врати? Тој е најдобриот со кого сме работеле’. Сепак нашите напори беа залудни“.
Џон Тери по завршувањето на кариерата заплови во тренерските води. Тој работи како помошник тренер во Астон Вила.