Top Sport

Тери се кае за односот што го имал кон Салах и Де Брујне

Легендарниот капитен на Челси, Џон Тери, зборуваше за својата кариера како гостин во подкастот „Obi One“. Тој го спомна Мохамед Салах со кого играше во Челзи од 2014 до 2016.

Салах пристигна во Челзи од Базел, но не се наметна во лондонскиот клуб и заврши на позајмица во Фиорентина, а потоа во Рома. На крајот Рома во 2016 година го откупи неговиот договор.

Тери призна дека направил грешка со Салах.

„Тоа е моето единствено разочарување како капитен бидејќи мислам дека со текот на времето се прилагодив на таа улога. Не им дадов доволно поддршка на Де Брујне и Салах. Кога тие беа во Челзи, веројатно бев многу строг и барав дисциплина во тимот. Фактот дека не се вклопија во тимот веројатно беше првиот знак дека им треба утеха, дека им треба некој со кого ќе седнат и ќе разговараат“.

„Можев ли да им помогнам да се снајдат подобро? Мислам на тоа особено затоа што после тоа направија многу во нивните кариери. Разочаран сум од себе како капитен, но мило ми е што станаа тоа што се. Никогаш не би рекол дека ќе го достигнат тоа ниво кога играа во Челзи“.

Кевин де Брујне играше во Челзи од 2012 до 2014 година, а Челзи го испрати на позајмица во Вердер. Подоцна се докажа во Бундеслигата играјќи за Волфсбург, а во 2015 година дојде во Манчестер сити и стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Тери играше за Челзи од 1998 до 2017 година и освои се што можеше да се освои. Беше член и на Нотингем Форест и Астон Вила.

Scroll to Top