Top Sport

Терзиќ за тркот на Адејеми: Бип-бип

Борусија Дортмунд со минимална преднотс ќе патува во Лондон на осминафиналниот реваш, против Челси, во Лигата на шампионите. Решавачкиот момент се случи во 63.минута, кога Карем Адејеми претрча 70 метри, лесно го мина Енцо Ферандез и го совлада Кепа Аризабалага.

„Бип-бип (алудирајќи на брзата птица од популарниот цртан фил). Тоа е неговиот квалитет. Ние одлично го одбранивме тој корнер, но кога ќе ја видите неговата брзина се ви е јасно. Неговиот прв допир беше одличен и кога сте брз како тој тогаш. и е тешко на секоја одбрана. Се надевам дека ќе продолжат да игра на овој начин“, изјави по натпреварот тренерот на Борусија, Един Терзиќ.

Адејеми минатото лето пристигна во Дортмунд од Салцбург за 30 милиони евра. Во досегашниот дел од сезоната одигра 23 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет гола и запиша две асистенции.

Реваншот меѓу Челзи и Дортмунд е закажан за 7. март.

Scroll to Top