Вечерва со натпревари во групите А, Б, Ц и Д ќе биде комплетирано второто коло во Лигата на шампионите.
Дербто на вечерта ќе се одигра на „Вембли“ во Лондон, каде Тотенхем ќе ја пречека Барселона. Каталонскиот тим ќе се обиде да ја избегне судбината што лани ја доживеа Реал Мадрид на истиот стадион и да стави крај на серијата на лоши резултати. Барса е без победа на последните три натпревари во домашното првенство.
Втрото дерби ќе се се игра во јужниот дел на Италија, во Неапол. Наполи ќе му биде домаќин на минато сезонскиот финалист, Ливерпул. Наполи одигра само 0:0 во првото коло против Црвена ѕвезда во Белград и против Ливерпул ќе се обиде да го поправи впечатокот.
Група Ц:
19.00 ПСЖ-Црвена ѕвезда
Група Д:
19.00 Локомотив Москва-Шалке
Група А:
21.00 Борусија Дортмунд-Монако
21.00 Атлетико Мадрид-Клуб Бриж
Група Б:
21.00 Тотенхем-Барселона
21.00 ПСВ Ајндховен-Интер
Група Ц:
21.00 Наполи-Ливерпул
Група Д:
21.00 Порто-Галатасарај