Top Sport

Тешко е да си богат! Менаџерот на Њукасл вели: Сите се против нас!

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау открива дека ривалите од Премиерлигата одбиваат да соработуваат нормално со клубот по преземањето на клубот од богатите саудиски инвестори, обвинувајќи ги дека намерно ги креваат цените на трансферите посочувајќи дека „сите се против нас“.

Њукасл во последните денови од преодниот рок не успеаја да го донесат Џек Херисон од Лидс и Џејмс Медисон од Лестер и Хау смета дека домашните тимови бидејќи го сметаат клубот како закана намерно не прават „лесни“ договори со нив.

„Тоа беше нешто што го почувствувавме на пазарот на играчи. Домашните клубови не сакаа да бидат ‘фатени’ како ни помагаат и мораме да го прифатиме тоа. Нема услуги од никого, бидејќи наративот околу клубот се смени. Ако дојде Њукасл сите ги креваат цените. Токму затоа се откажавме од неколку договори, бидејќи е важно да не не гледаат како клуб кој ќе плати било која цена. Има чувство дека сите се против нас. Тоа е океј и ќе го прифатиме и ќе бидеме поединствени“, вели Хау.

Њукасл потрошија 115 милиони фунти на четири нови играчи, што значи дека од преземањето на клубот во јануари, сумата надминува 200 милиони фунти.

Scroll to Top