Top Sport

Дебито на Обамејанг ќе почека додека Челси не му набават маска за скршената вилица

Пјер-Емерик Обамејанг ќе треба да почека за своето деби во Челси, бидејќи уште ја чека маската за лицето откако доби скршена вилица во вооружениот грабеж во неговиот дом во Барселона.

Габонецот го комплетираше трансферот од Барса во Челси во последните часови на преодниот рок за 10 милиони фунти и Маркос Алонсо, кој заминува во Каталонија.

„Во моментов тој не тренира и мора да му најдеме маска за заштита на вилицата за да може да почне со работа следната недела. Се надевам дека повторно ќе биде добар како што го познавам. Тој носи голови, брзина, работа со топка и е големо засилување за нас“, изјави менаџерот Томас Тухел, кој претходно работеше со Обамејанг во Борусија Дортмунд.

Scroll to Top