Вејн Бриџ, поранешен играч на Челси и Манчестер сити, не може да се помири со фактот дека Италија со Роберто Манчини стана европски првак.
Бриџ, во разговор за „Кориере дело Спорт“, истакнал дека тешко му паднала победата на Италија, бидејќи не може да го поднесе селекторот Манчини.
„Го мразам Манчини, тоа сите го знаат. Нем да кажам дека тој е најлошиот тренер со кој сум работел, ќе кажам само дека е многу лош“, рекол Бриџ.
„Се она што постигна со Манчестер сити, го напарави благодарение на играчите и тимот што го имаше, а не затоа што имаше некакво тренерско знаење.“
Бриџ, во периодот од 2009 до 2013 година беше под договор со Манчестер сити, но најчесто клубот го испраќаше на позајмици.
Манчини со Сити стана шампион на Англија во 2012 година.