Аргентинскиот ас Карлос Тевез вели дека фудбалерите од најсилните светски лиги мора да понудат да ги скратат своите плати поради корона вирусот, бидејќи речиси сите од нив можат да живеат и цела година без плата.
Како и остатокот од фудбалскиот свет, ѕвездата на Бока јуниорс е на „пауза“ поради одложувањето на аргентинската Суперлига. Барселона и Атлетико Мадрид ги намалија платите на своите фудбалери за 70 отсто, а слична постапка направија и во Јувентус. Во Премиер лигата, Њукасл, Тотенхем, Норич и Бурнемаут ги поставија сите вработени кои не се вработени на државна помош.
Тевез вели дека со парите кои ги заработуваат, големите ѕвезди можат да си дозволат да пропуштат некоја плата.
„Фудбалерите можат да живеат шест месеци или цела година без да добиваат плата. Ние не сме во иста состојба како тие кои имаат деца и секој ден излегуваат во шест часот наутро и се враќаат во седум навечер за да го нахранат своето семејство. Ние не сме примерот во овој случај, тоа е сигурно. Мораме да бидеме тука и да помогнеме. Лесно ми е мене да зборувам од дома, знаејќи дека имам храна за моите деца. Но, постојат многу очајни и сиромашни луѓе на кои мораме да помогнеме. Клубовите исто така. Наместо да одат на тренинзи наутро, да помогнат на поинаков начин“, вели Тевез.