Легендарниот поранешен аргентински фудбалер, Карлос Тевез, се подготвува за својата прва тренерска работа, откако аргентинските медиуми тврдат дека ќе биде промовиран во нов тренер на Росарио Сентрал.
38-годишниот поранешен фудбалер на Бока јуниорс, Јувентус, Манчестер сити и Манчестер јунајтед, веќе бил на разговори со управата на клубот, која се решила да му го предаде клубот нему и покрај интересот на искусниот тренер Пабло Санчез.
Тевез овој месец официјално потврди дека е пензиониран од фудбалот, откако последен пат играше за Бока јуниорс во 2021 година. Според аргентинскиот „Оле“, Тевез во последните месеци бил во Италија каде што „учел“ од тренерите на Милан, Стефано Пиоли и на Јувентус, Макс Алегри.