Карлос Тевес е еден од ретките фудбалери кој не зборува во суперлативи за легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон. Трофејниот тренер го донесе Тевез на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок во 2007 година од Вест Хем и во наредните две сезони заедно освоија шест титули, меѓу кои две во Премиерлигата и една во Лигата на шампионите.
„Фергусон мисли дека е претседател на Англија. Беше невозможно да се разговара со тој старец, бидејќи во секоја ситуација би биле поразени. Не беше во право кога ме остави на клупата за резерви во финалето во Лигата на шампионите против Барселона во Рим“, рекол Тевез.
Аргентинецот од „Олд Трафорд“ се пресели во редовите на градскиот ривал Манчестер сити. Со „граѓаните“ ја освои Премиерлигата во 2012 година, а трофејот го прослави со пораката „R.I.P Fergi“.