Албанскиот напаѓач Мирто Узуни се „оправда“ за постигнатиот гол за да биде стрелец на победничкиот гол за 2:1 победа на Ференцварош над Динамо Загреб за пласман во плејофот од Лигата на шампионите.
Герго Ловренчич ги шокираше „модрите“ уште во втората минута од мечот, пред Узуни да израмни со автогол во 23. минута. Узуни, се оправда во 65. минута кога го донесе унгарскиот шампион до плејоф каде што ќе играат со подобриот од дуелот меѓу азербејџанскиот Карабаг и норвешкиот Молде, меч кој по 90 минути беше 0:0.